Нејзиниот израз на лицето насмеа милиони ширум светот пред 10 години: Денес не би ја препознале

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Лицето на малата Клои Клем од САД ги насмеа луѓето ширум светот и брзо стана еден од најпопуларните мимови.

Ја запознавме во 2013 година кога нејзината мајка Кејти ја сними нејзината реакција за време на ненајавената посета на Дизниленд. Додека нејзината сестра Лили почнала да плаче со солзи радосници кога нејзината мајка објавила дека одат во забавниот парк, Клои направила незаинтересира гримаса, која се користи како мим во коментари или пораки на социјалните мрежи до ден-денес.

Клои денес има 13 години. Таа сè уште ја има фотографијата што ја прослави како нејзина профилна фотографија на социјалните мрежи и собра милиони следбеници низ годините. Во моментов на Инстаграм ја следат 639 илјади луѓе.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ chloeclem
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ chloeclem

Со текот на времето го добила прекарот „кралица на страничниот поглед“, кој гордо го носи во описот на социјалните мрежи. Таа пред неколку месеци направи легендарна споредба на нејзиното лице од стари и нови фотографии.

Иако е голема светска ѕвезда и гостин на многу емисии, семејството се труди да води што е можно понормален тинејџерски живот. Клои расте во семејна средина и посетува училиште во државата Јута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот