Нефи Усеини за „Слободен печат“: Давам оставка од функцијата советник во општина Охрид

нефи усеини
Нефи Усеини, советник од ДУИ во Општина Охрид, Фото: Архива

Нефи Усеини советникот на ДУИ во општина Охрид денеска ќе поднесе оставка од ова функција. Информацијата за неговата оставка, за „Слободен печат“ ја потврди самиот Усеини.

– Точно е дека денеска ќе поднесам оставка од функцијата општински советник на општина Охрид. , изјави Усеини за „Слободен печат“, без да образложи кои се причините за ова одлука.

Контроверзниот бизнисмен од Охрид, Нефи Усеини, беше носител на изборната листа на ДУИ за советници во општина Охрид на локални изборите.

Усеини беше советник и во претходниот состав на општинскиот совет, но лани поднесе оставка. Тој ѝ е познат на јавноста по повеќе скандали, од кои најпознат е случајот со терасата-дивоградба на неговата пицерија во центарот на Охрид, кај стариот Чинар. Усеини во 2019 година со закани спречи инспектори да извршат увид кај дивоградбата, која сѐ уште стои на истото место. Дивоизградена е и неговата бетонска база за ископ на песок на стариот пат Охрид-Струга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот