Не умееше да се носи со славата на неговата девојка Кира Најтли, а потоа и самиот стана мегапопуларен!

Profimedia

Актерката Кира Најтли и актерот Џејми Дорнан биле љубовен пар на почетокот од своите кариери, а врската траела 2 години. Дорнан најпрво работел како модел, Кира веќе тогаш била доста позната во јавноста, а стапиле во романса во 2003 година.

Profimedia

Баш во тоа време Кира беше во окото на јавноста поради филмот „Пиратите од Кариби“. Дорнан постојано бил под притисок поради нејзината слава, за што проговорил после раскинувањето. Тогаш мислел дека никогаш во животот нема да биде поуспешен од неа, што им предизвикувало многу маки. Велел дека мажот треба да биде алфата во врската, а дека тој тоа не го може поради нејзината слава и нејзините пари, но и постојаното нејзино внимание.

Profimedia

Меѓутоа, на Џејми конечно му се остварила желбата со големата популарност која ја доби откако го одглуми Кристијан Греј во „50 нијанси на сиво“, па достигна вртоглав успех. Тој изјавил дека Кира му помогнала да ја прифати славата која ја добил после таа улога.

Profimedia

Иако имаше гласини за нивното смирување, тие двајца после 2 години врска конечно се разделија. Се зборуваше дека на Дорнан „му фрлила око“ Сиена Милер, која Кира, наводно ја предупредила да остане подалеку од него.

Profimedia

Сепак, Кира и Џејми пред неколку години се најдоа на истата прослава за БАФТА наградите во Лос Анџелес, но не се ни погледнаа, а камо ли да проговорат. Денес и двајцата се во бракови и имаат свои семејства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот