Не сум ја загрозил безбедноста на затворот, ниту сум прекршил Закон, тврди Сокол

Во ниту еден случај не сум го прекршил Законот за извршување на санкции, ниту сум ја загрозил безбедноста на затворот, изјави пред новинарите поранешниот директор на Казнено – поправната установа Скопје, односно затворот во Шутка, Филип Андов – Сокол кој денеска седна на обвинителна клупа под сомнение дека заедно со затворски полицајци и надзорници пуштале затвореници слободно да се шетаат иако биле осуденици од висок безбедносен ризик.

– Во моето работење, во три и пол години како директор на затвор „Скопје“, во ниту еден случај не сум го прекршил Законот за извршување на санкции, ниту сум ја повредил безбедноста на затворот. За затворската полиција можам да кажам дека целосно правилно си ја имаат извршено правилоно задачата и без потреба се обвинети – изјави Андов.

Андов – Сокол и уште седум затворски чувари и надзорници денеска во Кривичниот суд седнаа на обвинителна клупа откако во јули против нив беше поднесено обвинение и се товарат дека пуштале затвореници слободно да се шетаат иако биле осуденици од висок безбедносен ризик.

Тој беше уапсен на крајот на февруари откако на чело на Управата за извршување на санкции беше именуван Александар Пандов со менувањето на власта кој спроведе акција во затворите и утврди злоупотреби во раководењето со затворските установи. Против него судот има одредено мерки за претпазливост.

ФОТОГАЛЕРИЈА | Поранешниот директор на „Шутка“, Филип Андов – Сокол, седна на обвинителна клупа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот