Зоран Божиновски/Фото: Фејсбук

Не сте безбедни, ова е небезбедна држава, се огласи новинарот Зоран Божиновски за нападот, а реагираа и партиите

Новинарот Зоран Божиновски кој синоќа беше претепан во Битола од страна на неколку маскирани лица, се огласи преку социјалните мрежи за нападот:

– Не знам колку треба да сум лош, непријатен, контроверзен, надвор од пропишаните правила на игра од играчи на македонското медиумско небо кои секогаш се исправени пред дилема дали да објават или премолчат оти тој и тој им плаќа реклама, па да бидам брутално нападнат пред зградата во која живеам… Жив сум, со повреди кои ќе поминат, семејството ми е вознемирено и потресено, на станарите од десетина станбени згради во моето соседство синоќа им е испратена порака: ,,не сте безбедни, ова е небезбедна држава, секој може да ве начека пред вашиот влез и да ве претепа, не очекувајте подобро од овa!“. Јас ќе продолжам по патот кој го одам од мај 1999 година, кога ме предизвикаа вака да се однесувам како што се однесувам, напиша Божиновски на Фејсбук.

Новинарската фела од ЗНМ и ССНМ не испрати реакција за нападот врз Божиновски, но реагираа партиите Алијанса за Албанците и Демократскиот Сојуз.

– Демократскиот сојуз најостро го осудува  крвничкото претепување на сопственикот на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски. Сметаме дека ваквиот мафијашки начин на пресметка, сериозно го нарушува правниот поредок и сигурноста на нивинарите и граѓаните. Демократскиот сојуз инсистира на брза реакција од МВР и откривање на нарачатeлите и извршителите на овој насилничко – криминален акт. На Божиновски му посакуваме побрзо закрепнување, стои во соопштението од ДС.

АА пак побара најстрого да се казнат нападите врз медиумските работници.

– Секој вид на насилство кон медиумските работници, било вербален или физички напад, претставува повреда на слободата на информацијата и правото на информирање и како таков, на самата демократија. Станува уште понедозволиво кога ваквите напади се насочени кон новинарите коишто ја покриваат корупцијата од високо ниво и коишто имаат откриено злоупотреби во највисоките државни функции. Одговорните за ваквите напади мора да се идентификуваат и да бидат најстрого казнети!, реагира Алијанса за Албанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот