Принтскрин Фејсбук - Зоран Божиновски

Тепањето на новинарот Зоран Божиновски пријавено во полиција

Сопругата на новинарот Зоран Божиновски синоќа физичкиот напад врз него го пријавила во битолската полиција.

– На 25.10.2022 во 20.42 часот во СВР Битола, П.С. од Битола пријавила дека на ул.„Кочо Рацин” во Битола нејзиниот сопруг З.Б.(56) од Куманово бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти кратко МВР за тепањето на Божиновски, чии фотографии со раскрвавено лице беа објавени уште вчера на социјалните мрежи.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Претепан новинарот Зоран Божиновски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот