Не се откажува од внуците: Кралот Чарлс конечно ќе ги види Арчи и Лилибет за Божиќ
Празниците се секогаш идеално време да ги оставите настрана сите кавги и несогласувања и семејството да се собере. За ова е свесен и британскиот крал Чарлс. Иако, тој не ги покани Меган и Хари во Сандрингем на божиќната прослава, тој не се откажува од своите внуци.
Препорачано
Според најавите, како и списокот кој кружи во британските медиуми, имињата на Меган Маркл и принцот Хари ги нема на списокот на гости од британското кралско семејство кои традиционално овој Божиќ ќе се соберат во Сандрингам. Иако не ги покани помладиот син и снаата, тоа не значи дека кралот Чарлс Трети нема да направи сè за да ги види своите внуци Арчи и Лилибет оваа празнична сезона, пренесува „Сан“.
Според поранешниот батлер на кралот, Грант Харолд, Чарлс многу веројатно ќе има видеоповик со своите внуци на самиот Божиќ.
„Подготвен сум да се обложам дека ќе има видеоповик на Божиќ. Тоа е несомнено. Не размислувам толку за Хари и Меган, но не се сомневам дека кралот ќе сака да ги види своите внуци на Божиќ“, рекол тој.
Харолд исто така додаде дека Чарлс сигурно ќе им испрати подароци на принцот Арчи и принцезата Лилибет, како и дека тие ќе му испратат подарок на нивниот дедо.
„Кралот ќе испрати подароци. Гарантирам дека нешто ќе биде испратено, но обратно, подароци ќе се испраќаат до бабите и дедовците од Сасекс. Не би ме изненадило кога би биле на видеоповик додека децата ги отвораат подароците што ги испратиле, за да ги видат изразите на нивните лица и среќата“, додал тој.
Она на што Арчи и Лилибет не треба да се надеваат е нешто поврзано со технологијата бидејќи според него, кралот се држи до традицијата.
„Не можам да замислам дека купува Иксбокс или нешто слично. Тоа ќе биде нешто традиционално, нешто како дрвена фарма или нешто слично“, заклучил батлерот.


