„Не ни треба од никого дозвола“ – Зеленски издаде декрет со кој ѝ дозволува на Русија да ја одржи парадата
На Русија не ѝ треба ничија дозвола за одржување на Парадата на Денот на победата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски издаде официјален декрет со кој ѝ се дозволува на Москва да одржи воена парада на Црвениот плоштад.
Препорачано
„Не ни треба ничија дозвола. Тешко на секој што се обидува да се потсмева на Денот на победата и прави такви глупави шеги. Тоа е веројатно нивниот најголем проблем“, изјави Песков пред новинарите, пренесува ТАСС.
Зеленски синоќа издаде официјален претседателски декрет со кој ѝ се дозволува на Русија да одржи воена парада на Црвениот плоштад во Москва на 9 мај, според веб-страницата на кабинетот на украинскиот претседател.
„Земајќи ги предвид бројните барања и од хуманитарни причини наведени во преговорите со американската страна на 8 мај 2026 година, со ова издавам: дозвола за одржување парада во Москва (Руска Федерација) на 9 мај 2026 година“, се наведува во декретот, објави УНИАН.
Трамп најави тридневен прекин на огнот меѓу Русија и Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, вчера предупреди дека Москва остро ќе одговори на какво било попречување на прославата на Денот на победата.
„Доколку нацистите, кои повторно заживуваат на Западот преку Украина, продолжат со тоа што го прават сега, за нив нема да има милост – рече тој.
Во понеделникот, руското Министерство за одбрана најави предлог за дводневен прекин на огнот по повод прославата на Денот на победата на 8 и 9 мај, предупредувајќи ја Украина дека ќе следи „масовен ракетен одговор“ доколку чествувањата бидат нарушени.
Лавров се закани дека Русија ќе одговори безмилосно ако некој ја попречи парадата


