Не ни помислиле на Џенифер Анистон: Како Анџелина Џоли го заведе Бред Пит!

Profimedia

Светот беше шокиран кога слушна дека актерот Бред Пит, тогаш оженет со „Пријателката“ Џенифер Анистон, е во врска со колешката Анџелина Џоли, а дури 15 години подоцна се дознава како се тоа почнало.

Profimedia

И врапчињата на гранка знаат дека Бред и Анџелина се заљубија за време на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“. Иако најпрво тврдеа дека за време на снимањето и додека Бред беше оженет со Џенифер, биле само пријатели, веќе во првото големо интервју за нивниот однос Анџелина рекла дека нивните деца ќе можат да го гледаат филмот кој е снимен додека нивните родители се заљубувале.

Сепак, како започна сето тоа?

Profimedia

Како што јавуваат американските медиуми, поранешниот телохранител на Анџелина, Марк Бехар, неодамна раскажа дека хемијата помеѓу актерите на сетот на „Mr. & Mrs. Smith“ била неверојатна и откри некои неверојатни детали.

Како што открил тој, повеќе пати ги забележал во приколките како се мазат и флертуваат, а од самиот почеток било јасно што се случува помеѓу нив.

Profimedia

„Us Weekly“ пишува дека други очевидци се согласауваат со Бехар и дека Џоли наводно имала добро разработена тактика за заведување на Бред. Наводно за време на една љубовна сцена носела долен веш во кожа боја кој ненадејно го соблекла.

„На крајот го фрли оделото и скокна со него наеднаш во креветот“, рекол за овој магазин изворот од снимањето на филмот во 2005 година. „Тоа е нешто по што го помнам тој филм“

Profimedia

Веднаш после снимањето на филмот, Бред се разведе од Џенифер Анистон и беше со Анџелина се до 2016 година. Актерот го посвои нејзиниот посвоен син Медокс, а потоа се остварија како родители уште 5 пати – три биолошки деца и уште два пати со помош на посвојување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот