Не му можат ништо временските услови – СЗО со ново предупредување за коронавирусот

скопје дожд дождливо време
Дожд во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Светска здравствена организација (СЗО) соопшти дека новиот коронавирус може да се пренесува во сите временски услови и оти студеното време не го убива вирусот.

Според СЗО, дождот и снегот можат да го отежнат пренесувањето на вирусот од контамираните површини, но ковид-19 во најголема мера се пренесува од лице на лице.

Колкава е шансата да се заразиме со ковид на отворено? Еве што велат експертите за носењето маски надвор

Научниците стравуваат дека поради студеното време луѓето почесто ќе престојуваат во затворени простории што ќе доведе до полесно ширење на новиот коронавирус.

Ковид-19 и најчестите прашања: Кога да се јавите кај лекар, како да се тестирате, кога во (само)изолација…

Пренесувањето на заразата е отежнато на отворен простор, бидејќи свежиот воздух ги разбива и разнесува честичките.

Ново истражување: Загадувањето на воздухот може да ја зголеми смрттноста од КОВИД-19 за 15%

Но, експертите предупредуваат дека без заштитна маска ковид-19 може лесно да се пренесува и на отворен простор и затоа потсетуваат дека носењето маска и физичката дистанца се клучни во спречување на ширење на заразата.

Што е „лажно позитивен“ резултат на тестот за коронавирус и кога може тој да се појави?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот