Цивилите ги собираат своите работи и го напуштаат Рафа во обид да најдат нова безбедна локација

Десетици Палестинци побегнаа од центарот на Рафа по копнените операции на Израел и наредбата за евакуација на источните предградија на градот.

Жителите масовно почнале да ги собираат своите работи во вреќи упатувајќи се притоа во различни правци барајќи безбедност.

Претходно израелската војска им фрлила летоци да се евакуираат од областа и ги предупредила со телефонски пораки за нејзините намери да изврши копнени операции.

Многумина се упатија кон областа западно од градот, позната како Муваси, крајбрежен појас што израелската војска го означи како безбедна зона.

Жителите стравуваат дека таму ќе се соочат со недостаток на основните прехранбени производи, вклучително и водата за пиење.

Израелските тенкови кои влегоа на периферијата на Рафа рано во вторникот ги поттикнаа светските стравувања дека офанзивата на најјужниот град во Газа може да ги загрози повеќе од милион палестински цивили кои се засолнети таму.

Копнениот напад ги намали надежите за непосреден договор за прекин на огнот за кој САД, Египет и Катар притискаа неколку месеци во притисок.

Неколку часа пред почетокот на нападот, Хамас се согласи на предлогот за прекин на огнот што израелската влада брзо го отфрли.

Околу 1,3 милиони Палестинци – повеќе од половина од населението на Газа – се заглавени во Рафа, а сега се приморани да се евакуираат без добар план за тоа каде да најдат соодветно засолниште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот