ЗНАМ: Граѓаните не дозволија државата да се соочи со институционална криза

Фото: Слободен печат, Методи Здравев

Граѓаните на Македонија покажаа дека се државотворни и со обезбедувањето на потребниот цензус за избор на претседател не дозволија државата да се соочи со институционална криза, порача портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов вечерва на прес-конференција.

– Движењето ЗНАМ упатува благодарност до сите граѓани на Македонија кои денеска излегоа на изборите и својот глас го дадоа за ЗНАМ. Задоволни сме што во текот на кампањата за парламентарните избори успеавме на јавноста да и ги презентираме сите мерки од изборната програма Проглас за достоинствена Македонија, ги промовиравме нашите кандидати за пратеници, но и нашиот тим експерти од сите области на општественото живеење, изјави Мемов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот