Не мора да го чекате летото за дечињата да играат со песок

Хит во светот се креативните играчки со кинетички песок, погоден за домашни услови. Лесно се собира од секоја површина и не остава траги, а децата никогаш вака не уживале во креативнните творби од песок без да се на плажа.

Психијатрите, психолозите и педагозите постојано потенцираат дека играта е најпогодниот начин за децата да учат. Затоа, многу е важно играчките, книгите и активностите кои ги наменуваме на децата грижливо да се одбираат.

Играчките треба да му овозможат на детето развој во насока на слободна и автентична личност која преку играта ќе ги развива иницијативата, творештвото и чувството на одговорност. Игрите со кинетички песок токму тоа ќе му го пружат на вашето дете преку возбудлива авантура на создавање на различни форми со песокот кој е секогаш во движење.

Што е кинетички песок? Материјал за игра со отворен ум кој ја буди креативноста и ги стимулира и развива моторните вештини. Песокот не остава траги на рацете и наменет е за игра во домот. Играњето со песокот е магично искуство, а овозможува релаксација и за постарите. Играјте заедно со вашето дете и развивајте ја фантазијата!

За разлика од обичниот песок, кинетичкиот песок лесно се собира од било која површина. Едноставно се обликува со помош на калапчиња. 100 отсто е безбеден, и погоден е и за децата кои патат од алергии бидејќи не содржи супстанции кои надразнуваат.

Сетови со креативен песок се достапни во продажба и во Македонија во поголемите продавници за играчки во популарните трговски центри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот