Хокеј САД/Screenshot/YouTube

Не им се допадна шегата: Хокеарките на САД ја одбија поканата на Трамп

Само еден ден по контроверзната шега на американскиот претседател Доналд Трамп во соблекувалната на хокеарите за време на Зимските олимписки игри, женската репрезентација на САД во хокеј на мраз одлучи да не присуствува на неговото обраќање.

Актуелните олимписки шампионки, според американските медиуми, љубезно ја одбиле поканата за присуство на вечерашниот говор во Конгресот. Трамп претходно, во шеговит тон, изјави дека би можел да биде „сменет“ доколку не ја покани и женската селекција, коментар што очигледно не наишол на воодушевување кај хокеарките.

„Искрено сме благодарни за поканата упатена до нашата златна женска репрезентација и длабоко го цениме признанието за нивниот извонреден успех“, изјави портпаролот на репрезентацијата.

Сепак, беше појаснето дека поради однапред преземени училишни и професионални обврски по Олимписките игри, репрезентативките нема да можат да присуствуваат на настанот.

Машката селекција на САД, која исто така стигна до злато во Милано, доби покана и за говорот и за приемот во Белата куќа закажан за среда. Засега не е познато дали хокеарите ќе се појават.

Потсетување, за време на телефонски разговор со машката репрезентација, кој беше пренесуван на социјалните мрежи, Трамп во присуство на директорот на ФБИ, Кеш Петел, изјави:

„Мораме да ја донесеме и женската екипа, тоа го знаете.“

Потоа додаде дека „веројатно би бил сменет“ ако тоа не го направи, што предизвика смеа кај присутните.

И машката и женската селекција на САД до олимпиското злато стигнаа со победи над Канада во финалето, а претседателот дополнително го одбележа триумфот на машкиот тим со видео со неговиот лик креирано од вештачката интелигенција.

ВИДЕО: Американците ја победија Канада и по речиси половина век станаа олимписки шампиони

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот