ВИДЕО | Не им доаѓа памет: Масовна журка во ноќен клуб во Солун пред почетокот на карантинот

Без маски, без дистанца, млади Солунчани доцна синоќа се забавуваа во ноќен клуб или како што напишаа самите, споделувајќи видеа на социјалните мрежи, „последно излегување пред карантинот”, јави дописничката на МИА од Атина.


И покрај тоа што во Грција веќе извесно време постои забрана за стоење во кафулињата и клубовите кои затвораат на полноќ, од објавените видеа, се гледа дека оваа мерка воопшто не се почитува, а младите се забавуваат како да не постои коронавирусот, што е особено раширен токму во Солун.

Поради зголемениот број заразени со коронавирусот, Солун од утрово е во мини карантин.

Во текот на вчерашниот ден, мобилните единици на Националната организација за јавно здравје на Грција, преку брзите тестови, спроведoa 3.402 бесплатни тестирања во центарот на Солун.

Позитивни се 252 од резултатите, односно 7,4 отсто од направените тестови, а просечната возраст е 32 години. 

Ковид-19 во Европа: Црни рекорди, заострување на мерките, предупредување за тешка зима

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот