Фото: KF Shkendija

Не е само спортскиот успех: Шкендија со триумфот вечерва си обезбеди и полна каса

Екипата на Шкендија вечерва направи историски успех и со победата над ФСЦБ (поранешна Стеуа) си обезбеди најмалку лигашка фаза во Конференциската лига, а овој успех за тетовскиот клуб носи и многу пари во касата.

Шкендија сега ја чека третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, каде следен предизвик ќе биде силниот Карабах од Азербејџан. Доколку го поминат овој противник, ќе играат плејоф за влез во групната фаза од најелитното натпреварување, Лигата на шампионите.

Но и доколку бидат елиминирани од Карабах, ќе добијат уште една шанса, преку плејофот за Лига Европа. Дури и во најлошото сценарио, ако загубат и таму, Шкендија веќе има сигурен пласман во групната фаза на Конференциската лига, што значи уште најмалку шест европски натпревари до крајот на годината.

Освен спортскиот успех, тетовци може да се пофалат и со финансиски бенефит. Првичните калкулации велат дека и со порази во сите наредни натпревари, клубот ќе заработи околу пет милиони евра, сума што може значително да порасне, ако тетовци запишат уште некоја победа.

ВИДЕО: Шкендија испиша историја – обезбеди најмалку лигашка фаза во Конференциската лига!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот