„Не е поради имотот“: Неда Украден откри зошто зетот го истетовирал нејзиниот потпис

Фото: Instagram / neda.ukraden

Една од најпопуларните пејачки во регионот, Неда Украден често истакнува дека за најголем успех го смета нејзиното стабилно и среќно семејство.

На прво место секогаш е нејзината ќерка Јелена, но многумина се фасцинирани од добриот однос на Неда со зетот Предраг, кој дури го истетовирал и нејзиниот потпис. Таа во интервју за „Информер“ откри која е причината за овој несекојдневен гест.

„Го прифатив сопругот на ќерка ми како мое дете. Пеца не го истетовира моето име поради недвижниот имот , туку затоа што му помогнав со неговото здравје. Инсистирав да оди на клиника и успешно решивме сè. Се работеше за оштетување на видот, беше сериозно. Можеше да ослепи на едното око. Фала му на Бога, сè помина добро, а од благодарност реши да ми го истетовира потписот“, објаснува Неда.

Неда ужива во идилична семејна атмосфера, која како што вели е нејзина најголема мотивација и инспирација во животот.

„Јелена и нејзиниот зет ја имаат мојата поддршка во сè, јас секогаш ќе стојам зад нив. Тој е добар сопруг и родител, но и домаќин. Се почитуваме, тоа ми е повеќе од доволно, секогаш сме еден за друг. Животот е море од обврски, семејното единство мора да се врати, тоа ни недостасува во општеството“, додава пејачката.

ФОТО | Одлично изгледа и на 72 години: Неда Украден позира во костим за капење

Разговор со Неда Украден: По дома правам стомачни вежби за добра форма

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот