ФОТО | Одлично изгледа и на 72 години: Неда Украден позира во костим за капење

Фото: Instagram/ Neda Ukraden

Пејачката Неда Украден е позната по својата виталност и младешки дух, а сега реши да се пофали со фигура на која може да и позавидат многу помлади дами.

Таа моментално го поминува времето со своите внуци во семејната куќа која е вистински мал рај за летните денови.

Фото: Instagram/ Neda Ukraden

Неда покажа како ужива во топлите денови и објави фотографија на нејзиниот Инстаграм профил, каде позира пред базен во розов костим за капење. Пејачката носи голема капа во иста боја како и нејзиниот костим за капење, но и очила за сонце.

Фото: Instagram/ Neda Ukraden

„Отворање на сезоната 2023“, напиша Украден под фотографијата

Нејзината витка фигура воодушеви многумина, па набрзо следеа коментари: „Кралица“, „Жена змеј“, „Само чест“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот