Фото: EPA/ERIK S. LESSER

НБА: Мечот Чикаго – Мајами одложен поради небезбедни услови за игра на теренот

Натпреварот од регуларната сезона на НБА лигата помеѓу кошаркарите на Чикаго булс и Мајами хит не се одигра во четврток навечер поради кондензација во „Јунајтед центар“, што го направи теренот небезбеден за игра.

Почетокот на натпреварот беше одложуван неколку пати, а публиката чекаше речиси два часа пред официјално да биде објавено дека натпреварот ќе биде одложен.

Од Чикаго соопштија дека билетите ќе важат за презакажаниот натпревар.

Во официјалното соопштение не е наведено што ја предизвикало влагата на подот, а медиумите објавија дека проблемот е поврзан со фактот дека салата ја делат тим од НБА и НХЛ, бидејќи Чикаго блекхокс претходно играле натпревар од хокеарската лига.

Тренерот на Мајами, Ерик Споелстра, рече дека играчите од двата тима се пожалиле на условите за игра.

– Се обидовме да го започнеме натпреварот, но играчите од двата табора се пожалија. Излеговме на теренот и речиси веднаш сфативме дека услови за игра не постојат – рече Споелстра.

НБА лига, резултати:

Шарлот – Индијана 112:114
Минесота – Кливленд 131:122
Јута – Далас 116:114

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот