НБА лигата нема да продолжи во јули!?

Се најавува состанок на раководството на лигата со клубовите на 28 мај, а наредниот ден ќе се одржи и состанок на Управниот одбор.

Според Адријан Војнаровски оваа натпреварувачка сезона во најсилната кошаркарска лига на светот нема да продолжи во јули како што првично се предвидува.

Како што информира инсајдерот на „ЕСПН“, можно е возбудувањата од оваа сезона (2019/2020) да продолжат во август.

Се најавува состанок на раководството на лигата со клубовите на 28 мај, а наредниот ден ќе се одржи и состанок на Управниот одбор.

В петок се очекува препорака за враќање и на тренинзите преку кои играчите ќе треба да ја вратат натпреварувачката форма пред можниот камбек на паркетите.

Сезоната е во прекин од март поради пандемијата на коронавирус, се шпекулира дека преостанатите НБА мечеви ќе се одржат во Светскиот центар за рекреација Волт Дизни во Флорида.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот