НБА: Кавај знае како против Вориорси! (ВИДЕО)

twitter.com/abscbnsports

Лос Анџелес Клиперс ја забележа и втората победа на почетокот од најсилната лига на светот против екипата на Голден Стејт Вориорс со 141:122.

Клиперси беа повеќе прецизни во шутевите од игра, а и поцврсти во одбраната. Вориорси се мачеа со бројните нереализирани обиди (39-99 од игра), па не можеа да му парираат на расположениот ривал.

Многу подобро мечот го започна екипата од Лос Анџелес, поведе со 14:0. Голден Стејт неколку пати се доближуваше на „минус четири“, но не можеше поблиску од тоа. На паузата Клиперси заминаа со позитива од 65:54.

Играчите на Стив Кер уште полоши ја одигра третата четвртина. Вицешампионот му дозволи на ривалот во еден момент да има и предност од +31 разлика. Иако Вориорси го подигнаа нивото на играта, не успеаја натпреварит да го доведат во неизвесна завршница.

Во победничкиот тим Лу Вилијамс запиша 22 поени (осум асистенции), Кавај Ленард броеше до 21 поен, додаде пет скокови и девет асистенции.

За „воините“ Стеф Кари имаше 23 поени (по четири скокови и асистенции), а Дианџело Расел запиша 20 поени и осум асистенции.

НБА, резултати –

Детроит Пистонс-Атланта Хокс 100:117
Хјустон Рокетс-Милвоки Бакс 111:117
Голден Стејт Вориорс-Лос Анџелес Клиперс 122:141

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот