НБА го суспендираше Пол Џорџ на 25 натпревари, ќе остане и без 12 милиони долари
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, доби суспензија од 25 натпревари поради прекршување на правилата од Антидопинг програмата на НБА, соопшти денес лигата.
Препорачано
Поради оваа казна, деветкратниот ол-стар учесник ќе остане без околу 11,7 милиони долари од својата годишна заработка која изнесува 51,7 милиони долари. Тоа значи дека Џорџ ќе загуби приближно 469.700 долари за секој од 25-те натпревари кои ќе мора да ги пропушти.
Се очекува искусниот кошаркар повторно да му се стави на располагање на тимот на 25 март, кога Филаделфија ќе го пречека Чикаго.
Филаделфија моментално има скор од 26 победи и 21 пораз и се наоѓа на шестата позиција во Источната конференција. Со Џорџ во составот, тимот има биланс 16-11, додека без него на теренот скорот е израмнет 10-10.
Во актуелната сезона, Џорџ просечно постигнува по 16 поени на 27 одиграни натпревари, што го сместува на третото место меѓу стрелците на Филаделфија, зад Тајрис Мекси (29,4 поени) и Џоел Ембид (25,7).
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7час
-
8час
-
10час
-
11час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


