Фото: Принтскрин - Инстаграм

Адријана Лима, Анастасија Ражнатовиќ, Јована Јоксимовиќ: Ревија на убавина на трибините во Катар

 Многу бројни познати дами беа на трибините на натпреварот Србија – Бразил што се одржа во четвртокот во Катар.

Катар е домаќин на годинашното светско првенство во фудбал и е дестинација што ги привлече сите страсни љубители на „втората најважна работа во светот“.

Меѓународниот фудбалски турнир започна на 20 ноември и ќе трае до 18 декември. Србија и Хрватска се единствените земји од регионот што успеаја да се пласираат на 22. Светско фудбалско првенство, а веќе ги изиграа своите први натпревари. Хрватска изигра нерешен натпревар со Мароко на 23 ноември, а Србија изгуби од Бразил со 2:0 на натпреварот што се одржа на 24 ноември.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Сосема очекувано, многубројни навивачи од Балканот отпатуваа во Доха за да ги поддржат хрватските и српските фудбалери. Меѓу нив, на трибините беа забележани и неколку познати имиња од регионалната музичка и филмска сцена.

Кои беа најгласни навивачи?

Актери, пејачи, модели, многу личности од јавниот живот и секако фудбалските фанови се собраа и ги наполнија трибините, каде што страсно ги бодреа фудбалерите на српската репрезентација, која го одигра својот прв меч на Светското првенство против Бразил.
Српската репрезентација беше поразена од Бразил, но играта тука не застанува. Фудбалерите добија огромна поддршка од фановите на фудбалот и од јавните личности.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Ќерката на фолк-пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ, Анастасија, неуморно ги бодреше фудбалерите за време на играта, особено нејзиното момче – Немања Гудељ.

Популарниот српски пејач, композитор и продуцент Жељко Јоксимовиќ и неговата сопруга Јована силно ги бодреа фудбалерите, споделувајќи моменти од натпреварот на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ со синот Алексеј со големо знаме во рацете постојано им даваа поддршка на фудбалерите за време на натпреварот.
На трибините беа сопругата и децата на српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси, Ања, Андреа и Марко.

За која репрезентација навиваа децата на Лима и Јариќ?

Натпреварот од трибините го следеше и познатата бразилска манекенка Адријана Лима. Манекенката позираше со својата пријателка Софија Милошевиќ, партнерка на фудбалерот Лука Јовиќ.

Секако, на Адријана друштво ѝ правеа и ќерките Валентина и Сиена што ги доби од бракот со поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ. Интересен момент е тоа што децата беа облечени во дресови на Бразил, а позираа со српското знаме.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

„Кој и да победи, ние ќе бидеме среќни“ – рече Лима пред натпреварот, а Софија ja поддржа со аплауз.

Меѓу присутните се најде уште еден светски топ-модел, Бразилката Изабел Гулар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот