Навивачката група „Чкембари“ слави 35 години постоење! (ВИДЕО)

facebook.com/pg/1985ckembari

Популарните „Чкембари“ од Битола денеска го прославуваат 35 роденден, на денешен ден е формирана оваа навивачка група.

Верни фанови кои во добри и лоши моменти секогаш ја даваат поддршката од трибините особено на фудбалските, ракометните мечеви…

Поради ситуацијата со ковид-19, како и сите други навивачки групи и љубители на спортот, и тие не се во можност да се вратат во салите, стадионите, но секако со надеж дека наскоро ќе се вратат на трибините и секако се исполни целосната слика на еден спортски натпревар.

Како почеток на создавањето на „Чкембари“ се смета 1985 година, кога на бараж натпреварот за опстанок во Првата Југословенска ракометна лига за мажи помеѓу РК Пелистер и РК Партизан од Бјеловар, од Битола се упатил навивачки караван од 21 автобус, организирани во тоа време под името БМЧМ (Битолчани, Мотокари, Чкембари, Македонци).

Вечерва на „Тумбе кафе“ се прославува 35 роденден со пиротехничко шоу. Можете да погледнете на видео записот како сето тоа изгледаше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот