Навивачите удрија по УЕФА: Им бевме добри кога се откажавме од Суперлигата, а сега…
Европската фудбалска федерација е мета на критики поради високите цени на влезниците.
Финалистот во Лигата на шампионите, Челси врати повеќе од 800 влезници за дуелот за трофејот против Манчестер сити, објавија англиските медиуми.
Финалистите во ЛШ, Челси и Манчестер јунајтед добија по 5.800 влезници за финалето кое ќе се игра на „Драгао“ во Порто. Управата на Челси ги врати 800 влезници , додека кај нивните навивачи имаше голема побарувачка за 2.800 влезници кое се продаваа посебно, без чартер лет.
Навивачите на Челси ги одби неверојатно високата цена на субвенционираниот чартер лет од 230 евра, поради што многу навивачи се откажаа од патот за Порто и го вратија влезниците по што удрија по УЕФА.
– УЕФА уште еднаш покажа колку се грижи за навивачите. Им бевме добри кога се откажавме од европската Суперлига, а сега уште еднаш ни го свртеа грбот – порача Ден Силвер, претставник на навивачите на Челси кој не застана со нападите кон УЕФА.
– Од почетокот инсистираа на скапи чартер пакети кои клубовите ги одбија. Мислам дека имаше многу подобри решенија од финалето во Порто кое е непотребно патување за навивачите – додава Силвер.
Во последно време УЕФА се наоѓа на удар на сериозни критики и поради високите цени на влезниците за финалето во Лигата на шампионите кои се движат од 70 па се до 400 евра.