Навивачите победија, легендарната „Маракана“ нема да се преименува во „Крал Пеле“

epa09047743 A picture taken with a drone shows the Maracana Stadium prior to the match between Flamengo and Nova Iguacu, during the opening of the Carioca championship in Rio de Janeiro, Brazil, 02 March 2021. EPA-EFE/Antonio Lacerda

Гувернерот на бразилската сојузна држава Рио де Жаниеро, Клаудио Кастро, стави вето на на промената на легендарниот стадион „Маракана“ по големиот број на критики во јавноста.

Претставници на Рио де Жанеиро минатиот месец предложија култниот стадион да се преименува во „Крал Пеле“, во чест на најдобриот бразилски фудбалер Едсон Арантес до Насименто Пеле (80) сметајќи дека тоа е достојно признание за човекот кој го задолжи бразилскиот фудбал и ѝ служеше на држава по играчката кариера.

Но, плановите за преименување на легендарната „Маракана“ паднаа во вода бидејќи се спротивставија навивачите, но и поголем дел од медиумите. Нивниот адут против преименувањето на стадионот беше дека иако играше и даваше голови на „Маракана“, Пеле никогаш не живеел во таа сојузна држава ниту во Рио де Жанеиро, туку во 400 километри оддалечениот Сао Пауло, а е роден во сојузната држава Минас Жераес.

Официјалното име на стадионот е „Марио Фиљо“ по новинарот кој во 1940-тите години лобираше за негова изградба, а во јавноста овој стадион е познат под името „Маракана“ по квартот во кој се наоѓа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот