Навивачите на Арсенал во шок, Давид Луиз го продолжи договорот

2020. EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Освен Бразилецот, на нови договори се согласија уште тројца фудбалери.

Виновникот за поразот од Манчестер сити, Давид Луиз и во наредната сезона ќе го носи дресот на Арсенал откако денеска се согласи да потпише нов едногодишен договор.

– Давид е важен играч за нас. Одигра голем дел од натпеварите и е еден од клучните играчи во екипата. Неговите додавања, комуникација со соиграчите на и надвор од теренот им помагаат на сите – изјави техничкиот директор на Арсенал, Еду.

Во клубот ќе останат и Пабло Мари и Седрик Соареш кои моменто се на позајмица во Фламенго и Саутемптон, но ќе потпишат повеќегодишни договори со Арсенал кога ќе започне летниот преоден рок.
Арсенал исто така ја продолжи позајмицата на Дани Севаљос до крајот на сезоната.
– Навистина сум среќен што ќе ги имаме овие играчи и во иднина. Тие се дел од долгорочние планови на тренерот Микел Артета – додава Еду.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот