Навистина чудно: Мајките делфини им пеат на своите бебиња во стомакот!

Фото: Инстаграм

Делфините се едни од најпаметните животни на планетата и поради тоа тие не престануваат да изненадуваат.

Неодаменшно истражување покажа дека мајките делфин им пеат на своите бебињња во стомакот.

Тие се служат со претпознатливите звуци налик на свирка, додека кај женките научниците забележале да произведуваат посебни звуци за време на бременоста и уште неколку недели откако ќе се роди бебето.

Овој феномент научниците го проучувале и претходно, но морските биолози од Универзитетот во Јужен Мисисипи констатирале сега дека се работи за мајчинско свиркање. Тие претпоставуваат дека станува збор за воспоставување врска помеѓу младенчето и мајката – пренесува IFLScience.

– Кај луѓето е забележително бебето да стекне наклонетост кон мајчинскиот глас за време на тромесечието. Не можеме да бидеме сигурни дека и тука станува збор за ист процес, но може да се случува нешто слично – смета Одра Ејмс, морски биолог вклучен во ова истражување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот