Навални добитник на наградата на Женевскиот форум

Алексеј Навални / фото: EPA/EFE

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој издржува казна во казнена колонија, е добитник на престижна меѓународна награда за човекови права.

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој издржува казна во казнена колонија, е добитник на престижна меѓународна награда за човекови права.

Наградата ја додели меѓурегионална коалиција составена од 25 организации за човекови права за „извонредната храброст и херојски напори” на Навални да го сврти вниманието кон сериозното кршење на човековите права од страна на руските власти, соопшти Женевскиот форум за човекови права и демократија.

Церемонијата на доделување на наградите е закажана за 8 јуни, а во име на политичарот кој е во колонија, ќе ја прими 20-годишната ќерка на Навални – Дарија, пренесува Дојче веле.

Еден од најблиските соработници на опозиционерот, Леонид Волков, ја поздрави одлуката за доделување на наградата и ја истакна важноста на меѓународното признавање на моралната храброст на Навални „во време кога тој минува низ најтешкиот тест во својот живот”. – Ние ја сметаме оваа награда како многу важен знак за поддршка од меѓународната заедница за човекови права во случајот со Алексеј, нагласи Волков.

Форумот за човекови права во Женева е организиран од 25 невладини организации за човекови права, кои исто така ја доделуваат наградата за женски права секоја година. Во 2018 година, рускиот опозициски лидер Владимир Кара-Мурза ја доби наградата за храброст. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот