Наумовски: Да не дозволиме изненадување на реваншот во Гибралтар
Во вторник (12 јули) со почеток од 18.00 часот на стадионот „Викторија“ во Гибралтар екипата на Шкупи ќе го игра реванш натпреварот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите против Линколн Ред Импс.
Препорачано
На првиот меч македонскиот првак триумфираше со 3:0, убава предност која ќе се обиде да ја одбрани на возвратната пресметка и обезбеди пласман во следната рунда.
Победникот од овој двомеч во второто квалификациско коло во ЛШ ќе ги одмери силите против Динамо Загреб на нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.
– Секако дека имаме позитивен резултат од првиот меч и за тоа треба да бидеме среќни, но мораме да бидеме внимателни и да не дозволиме да се случи никакво изненадување на реваншот. Знам дека ќе играме на вештачки терен, па веќе неколку дена тренираме на таков терен. Во текот на целиот меч мораме да бидеме посветени, ќе дадеме сè од себе со надеж за пласман во второто коло – вели голманот на чаирчани, Кристијан Наумовски.
Главен судија на утрешниот дуел ќе биде Филип Глова од Словачка.


