Фото: Rawpixel.com / Jakub Kapusnak

Научниците открија колку минути од животот ви одзема еден чизбургер

Брзата храна веќе долго време се поврзува со голем број здравствени ризици, но нејзиното влијание ретко се покажува преку конкретни и лесно разбирливи бројки. Токму овој пристап предизвика нова дебата за тоа како високо преработените намирници може да влијае на животниот век. Кога нивното влијание се изразува во минути, секојдневните навики во исхраната добиваат сосема нова перспектива.

Нутриционистот Луис Замора бил гостин во емисијата „Ипсилон ахора Сонсолес“, каде што открил дека еден чизбургер може да ви го скрати животот за девет минути, пренесува „Унилад“ (Unilad).

Повикувајќи се на истражување од Универзитетот во Мичиген, тој рекол: „Секој хот-дог во просек го скратува животот за 36 минути. Безалкохолните пијалаци, дури и оние без шеќер, ви го одземаат животот за 12 минути. Секој чизбургер ви го одзема животот за девет минути, додека сланината и другото преработено црвено месо можат да ви го одземат животот и до шест минути по порција.“

Иако девет минути може да изгледаат занемарливи, Замора предупредува дека овој губиток може да се зголеми со текот на времето за луѓето кои редовно консумираат високо преработена храна. Според податоците од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), помеѓу 2021 и 2023 година, дури 53 отсто од дневниот внес на калории кај возрасните доаѓал од таква храна.

Овие проценки се базираат на анализата на истражувачите Катерина Стилијану и Оливие Жолие, кои го развиле Здравствениот нутритивен индекс, алатка што покажува колку минути живот одредена намирница може да одземе или да продолжи по порција.

Нивната анализа покажала и дека одредени видови намирници можат да имаат спротивен ефект, како што се јаткастите плодови и семките, за кои порција од 30 грама може да донесе добивка од 25 минути здрав живот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот