никол кидман
Кит Урбан и Никол Кидман / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Натрапник провалил во луксузната вила на Никол Кидман и Кит Урбан

Во текот на викендот некој упаднал во домот на актерката Никол Кидман и нејзиниот сопруг Кит Урбан во Беверли Хилс, пишува ТМЗ.

Полицијата потврди дека непознато лице скршило прозорец за да влезе во куќата. Актерката и музичарот не биле дома во моментот на инцидентот. Меѓутоа, еден од нивните вработени наишол на натрапникот, кој веднаш побегнал од местото. Сѐ уште не се знае дали е нешто украдено. Никол и Кит допрва треба темелно да го прегледаат нивниот дом за да утврдат дали им недостасува некој вреден имот.

Локалната полиција започна истрага, но засега никој не е уапсен.

Никол и Кит живеат во луксузна вила лоцирана во Лос Анџелес, чија вредност е околу 4,7 милиони долари. Има пет спални соби и четири бањи.

Двојката е во брак од 2006 година. Заедно ги имаат ќерките Сандеј (16) и Фејт (13). Парот често нагласува колку се поддржуваат и сакаат, а нивната врска се смета за една од најстабилните во светот на славните. Кидман претходно беше во брак со Том Круз, со кој се омажи во 1990 година, откако се запознаа на снимањето на „Days of Thunder“. Тие се разведоа во 2001 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот