Прегазен велосипедист во Карпош 3 / Фото: Локално.мк

Настрада уште еден велосипедист во Скопје – попладнево е прегазен во Карпош 3

Попладнево во скопската населба Карпош 3 во близина на бензиската Макпетрол е прегазен велосипедист, објави „Локално“.

Полицијата извршила увид на местото, а засега нема информации за здравствената состојба на велосипедистот.

На истото место пред неколку дена имаше несреќа во која имаше судир на неколку возила.

Оваа точка меѓу населбите Карпош 3 и Карпош 2, на крстосницата меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „8 Септември“ е место каде често се случуваат такви несреќи, но полицијата таму речиси никогаш не е присутна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот