Наскоро на Фејсбук страната на 1ТВ ќе бидат откриени лицата кои стојат зад тивката ликвидација на Боки 13

Исто така ќе ѓи објавиме со име и презиме лицата кои секојдневно му се заканувале со физичка ликвидација на Бојан Јовановски, лицата кои го уценувале што да зборува за предметот “Рекет”, уцените и заканите кон Јовановски се однесувале лично кон него и кон членови на неговото семејство.

Нов статус осамна на Фејсбук страната на некогашната 1ТВ, во кој вели дека во наредните денови ќе ги откријат сите оние кои, стојат позади тивката ликвидација на Бојан Јовановски.

-Ја известуваме јавноста дека во наредните неколку денови ке ѓи објавиме сите факти и докази зошто само Бојан Јовановски се наоѓа во ефективен притвор, иако се наоѓа во лоша и ризична здравтвена состојба, имено ке ѓи објавиме сите медицински наоди и известувања од сите доктори, специјалисти и суб-специјалисти и нивните строги препораќи за негово лечење. Воедно ќе ѓи објавиме со точно име и презиме лицата кои стојат позади тивката ликвидација на Бојан Јовановски! Исто така ќе ѓи објавиме со име и презиме лицата кои секојдневно му се заканувале со физичка ликвидација на Бојан Јовановски, лицата кои го уценувале што да зборува за предметот “Рекет”, уцените и заканите кон Јовановски се однесувале лично кон него и кон членови на неговото семејство. На денешното сведочење од страна на обвинителката Лиле Стефанова јасно се виде дека првообвинетиот Бојан Јовановски не учествувувал во никакви дејствија кои му се ставаат на товар, јасно беа посечени имињата на лицата кои вршеле притисок и влијание за случајот “Империја” таа спомена судии, политичари, обвинитили, бизнисмени, нарекувајќи ги “разни емисари”…., пишува на Фејсбук страницата.

Прочитајте и...  Казни за шест лица кои не го почитувале полицискиот час во Ресен

Понатаму во статусот се додава дека јасно и категорично беше кажано од страна на обвинителката Стефанова дека со Бојан Јовановски немала никаков контакт.

-И дека имала само коректен однос гостувајки во 1ТВ и дека никогаш не разговарала со Бојан Јовановски за предмети од СЈО и дека никогаш не вршел никаков притисок, а замислете Јовановски е прво обвинет во овој случај… “вистинска правна држава” Прашањето кое го поставуваме до надлежните кога ке ѓи процесуираат вистинските криминалци на обвинителна клупа? Дали надлежните мислат дека јавноста е слепа и глува? Дали надлежните мислат дека со спроведување на класична тортура кон Јовановски и неговото семејство ке го замолчат Јовановски и дека ке ја спречат вистината за “Рекет”? Објавувањето на сите факти и докази кои ке бидат пласирани на нашите официјални страници се од исклучително важен јавен интерес и во интерес на вистината за кривично правниот предмет “Рекет” Како беше она парола… “Нема правда, нема мир” Место за “поштедени” на нашите официјални профили на згаснатата 1ТВ нема и нема да има “поштедени” !!!, порачаа од Фејсбук страницата на 1ТВ.

Прочитајте и...  Рама и Баша го честитаа изборот на новата влада на Косово

Прочитај повеќе

Меркел дефинитивно рече збогум: Најмоќната жена во Европа сепак заминува во пензија

Слободен печат

Куомо до демонстрантите: Тестирајте се на коронавирус, тоа е граѓанска должност

Слободен печат

Белата куќа: Единствено Трамп има право да се повика на Законот за бунт

Слободен печат

Eрдоган ја зголеми поддршката за либиската Влада

Слободен печат

Сите во своите домови, започна 80-часовниот карантин

Слободен печат

Вашингтон тајмс: Антифа со месеци подготвувала бунт против властите во САД

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

СЗО го промени ставот: Mасовните собири не се само рекреативни настани, туку значително влијаат на менталното и физичко здравје

Слободен печат

Ослободен Американецот кој две години беше во затвор во Иран

Марина Дамческа

Уште едно убиство во САД: Полицаец уби демонстрант со пет куршуми

Слободен печат

Граѓани во Тирана, Драч и Валона излегоа на протестен марш против сексуалното насилство

МИА Агенција

Захарова предупредува: САД подготвуваат незаконска инвазија на Венецуела

Слободен печат

Д-р Даниловски: Собиранка е собиранка, во затворенo ризикот е поголем отколку на отворено

Слободен печат