Фото: илустрација / Слободан Ѓуриќ / Слободен печат

Насилник од Скопје зел двајца помошници за да ја тепа бившата девојка во Велес, со електрошок му се нафрлиле на нејзиното ново момче

Интервентната полиција ги уапсила тројцата „тепачи“ кога дошле во Скопје, по што ги испратила назад во Велес, но во полициска станица.

Уште еден брутален случај на насилство имало вчера во Велес – тројца насилници од Скопје рано наутро упаднале во домот на поранешната девојка на едниот од нив, по што тој ја нападнал неа и нејзиниот сегашен партнер, а и двајцата аѓутанти му се нафрлиле на новото момче, со електрошок и со тврд предмет, информира МВР.

Тројцата „тепачи“ биле уапсени од интервентната полиција кога дошле во Скопје, по што ги испратиле назад во Велес, но во полициска станица, се додава во соопштението.

„На 09.03.2026 во 08:30 часот во СВР Велес, 23-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом дошол Б.Б.(26) од Скопје – нејзин поранешен партнер и физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен 24-годишен партнер, по што и М.К.(30) и Д.Б.(43), двајцата од Скопје, кои дошле со Б.Б., физички го нападнале нејзиното момче, при што употребиле електрошок и тврд предмет. По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Б., М.К. и Д.Б., кои подоцна биле спроведени во СВР Велес за понатамошна постапка. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, пишува во полицискиот билтен.

Штипјанец решил да се стори полицаец – украл кола и куче, нападнал вистински орган на редот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот