Насилници истепале полицајци во Тетово

Insajderi
Полицајци спречувале тепачка па биле нападнати од учесниците

Тетово, 1 август 2019 (МИА) – Полицајци од Тетово наишле на тепачка, па кога ги спречувале и приведувале учесниците биле нападнати. Таткото на приведените подоцна продолжил со агресивното однесување и во полициската станица.

-Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера 31 јули околу 15 чсот, во близина на крстосницата на улиците „Киро Ристовски-Дрнц” и „Штипска” во Тетово, ги лишиле од слобода тетовците Ф.Б.(28) и Л.Б.(29) од една страна и 30-годишниот Б.Д. од Гајре. Тие претходно меѓусебно физички се пресметувале, а полицајците интервенирале, по што биле нападнати при обидите за приведување. Подоцна во полициската станица Тетово, дошил и таткото на Ф.Б и Л.Б, 53 годишниот Р.Б. кој продолжил со синовите со агресивно однесување и напад врз полициските службеници, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Четворицата се задржани за целосно расчистување и документирање на случајот. Против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Инаку за навредување и омаловажување на овластено службено лице предвидена е глоба од 600 до 800 евра. Според член 383 од кривичниот законик, за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста се добива кривична пријава која може да резултира со парична или казна затвор од 6 месеци до 5 години, во зависност од последиците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот