„Нашите биолошки часовници не ја чекаат вашата одлука“: Пациентки од Сараево на протест бараат да продолжат со започнатото ин витро
Причините за протестите се бавното решавање на проблемот што се појави поради ненадејното затворање на приватна клиника во Сараево во октомври, лани.
Група пациентки кои биле подложени на процедури за ин витро фертилизација и се оштетени од затворањето на поликлиниката „Нортвестерн Медицински центар“ во Сараево, денеска се собраа пред зградата на Министерството за здравство на Федерацијата Босна и Херцеговина, барајќи состанок со надлежните за да се реши нивниот проблем, пишуваат босанските медиуми.
Препорачано
Причините за протестите се бавното решавање на проблемот што се појави поради ненадејното затворање на приватна клиника во Сараево во октомври, лани. Пациентите на оваа ненадејно затворена клиника бараат пристап до ембриони и биолошки материјал и да им се дозволи да го префрлат во клиника+ по свој избор. Со други зборови, тие сакаат да продолжат со она што го започнале и на крајот да имаат деца.
Едни од пораките на транспарентите биле директно упатени до властите.
„Кој не ни дозволува пристап до нашиот биолошки материјал?“, „Не го игнорирајте барањето на пациентите“, „Не сакаме нашиот биолошки материјал да биде заложник на институциите“, „Нашите биолошки часовници не чекаат ваша одлука!“
Алма Ковачевиќ, една од засегнатите пациенти, истакнува дека нивниот биолошки материјал е заробен во затворена клиника и дека, како што тврди, не е под соодветен надзор.
„Знаеме дека нашиот биолошки материјал е во просториите на затворена клиника, под апсолутно сомнителен физички и професионален надзор, и не знаеме што точно се случува со него“, рече таа.
Пациентите бараат да бидат дел од комисијата што го контролира биолошкиот материјал.
„Бараме еден од пациентите, некој што ние ќе го избереме, да биде присутен во контакт со биолошки материјал, т.е. ембриони. Сагата трае речиси три месеци и очекуваме да заврши во следните седум дена“, рече Арнеса Зенуновиќ.
Министерството за здравство на ФБиХ бара итен одговор од Обвинителството со цел да се заштити биолошкиот материјал.
Поликлиниката за вештачко оплодување „Нортвестерн медицински центар“ беше затворена во октомври минатата година. Пациентите кои биле подложени на ин витро оплодување истакнуваат дека за тоа дознале од медиумите, а потоа ги алармирале надлежните институции, но проблемите до денеска не се решени.
Кон крајот на минатата година, американскиот обвинител од Чикаго, Кваме Раул, објави дека неговата канцеларија поднела обвинение против д-р Мохамед Хамис (56) од Ривер Форест, според веб-страницата на државното обвинителство на Илиноис, во кое се тврди дека тој измамнички примил над 1 милион долари од Медикејд и Медикер за здравствена заштита и рецепти што не им ги дал на пациентите на Медикејд и Медикер.
Имено, Мохамед Хамис е основач на клиниката за медицински потпомогнато оплодување „Нортвестерн Медицински центар“ во Сараево, која во октомври ненадејно ги затвори своите врати за пациенти без претходна најава, а потоа стана предмет на истраги.


