Наши миленици: Аби

Здраво, ова е Аби. Аби е ескперт за уништување играчки, љубител на грицки и дремки. Златна ретриверка со златно срце. Аби ги сака сите – возрасни, деца, бебиња, кучиња, мачиња, големи и мали, познати и непознати. Омилен ѝ е секако флегматичниот мачор Мичо, со кого се цимери веќе три месеци. И покрај дисплазија на колковите, Аби ужива да оди на прошетки. Можете да ја сретнете како душка низ маало, трча во парк, или како пробува да ве шармира во некое од скопските кафулиња. Доколку ја сретнете Аби, слободно погалете ја, а за возврат ќе добиете насмевка и позитивна енергија што ќе ви го разубави денот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот