Нашата гимнастичарка Илина Соколовска освои три сребра во натпреварите во Бундес лигата

Фото: Промо

Овие три медали ќе ја красат витрината и на Илина Соколовска и на нејзиниот клуб со останатите злата, сребра и бронзи што таа ги освои колку што се занимава со ритмичка гимнастика дома и во странство.

Фото: Промо

Последните три натпревари од Бундес се одржаа во Дизелдорф, Берлин, а финалето во Бремен.

– Се натпреварував екипно, како дел од мојот тим Гутерсло-Билефелд, каде што сум еден од лидерите на тимот, тоа го кажаа и тренерите, а пред извесно време беше објавено во германските весници. Тоа значи дека од мене очекуваат да го превземам товарот на тимот, а тоа и се случи на првите два натпревари во Дизелдорф и Берлин. Речиси сам освоив една третина од бодовите, што ни овозможи да стигнеме до финалето во Бундеслига. Ова ми е втор пат по ред да се натпреварувам во финале што е голем успех за мене – вели Илина.

Фото: Промо

Овој голем успех на Илина, која со македонски пасош ги брани боите на Германија, не е лесен, бидејќи листата на Германија со гимнастичарки од година в година е посилен, особено по војната во Украина.

– Еднаш кажав дека лигата во Германија е сè посилна од година в година поради кризата во Украина. Многу гимнастичари поради состојбата во нивната земја настапуваат во германските гимнастички клубови, а има репрезентативци од Италија, Романија и секако од Германија. Тука ќе ја споменам петкратната репрезентативка, шампионка во гимнастика, Дарија која доаѓа од Русија, но и уште неколку гимнастичарки од Бугарија, кои се и светски шампиони во групна ритмичка гимнастика. Е затоа, пак ќе кажам дека моментално Бундеслигата е една од најдобрите и елитни гимнастичари во светот – додава таа.

Фото: Промо

Илина пред неколку месеци за првпат ја претстави и Македонија на европски натпревари. Во иднина, пак ќе ја претставува Македонија во Естонија во градот Тарту, каде што се одржува еден од најпознатите традиционални натпревари во ритмичка гимнастика.

– Горда сум што и на меѓународно ниво ја претставувам мојата Македонија и ќе ја претставувам и свесна сум дека ќе морам да се натпреварувам со овие елити кои се неколку чекори пред нас – вели Илина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот