Нашата држава и Европската Комисија ќе потпишат Договор за набавка на лекови и медицинска опрема
Владата на денешната владина седница ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од пристапување кон и потпишување на Заедничкиот договор за набавка на лекови и медицинска опрема помеѓу Република Северна Македонија и Европската Комисија.
Владата го задолжи и овласти Министерот за здравство да го потпише и соодветно имплементира Заедничкиот договор за набавка на лекови и медицинска опрема со Европската Комисија.
На оваа седница е донесен заклучок за воспоставување на централен механизам за примање, следење и распоредување на сите донации и помош што Република Северна Македонија ги добива, со кој ќе раководи заменик на претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, како Национален координатор за странска помош.
Согласно заклучокот, донациите и помошта што ќе бидат примени, ќе се складираат централизирано, на едно место, и ќе се распоредуваат согласно потребите и приоритетите по доставени барања од страна на државните институции.