НАШ ПРЕДЛОГ ЗА ФИЛМ: „Long shot“ е урнебесна комедија која морате да ја погледнете! (ВИДЕО)

Фото: IMDB

Се работи за урнебесна комедија, во која главните улоги ги толкуваат неверојатната Шарлиз Терон, како и „кралот на комедиите“ – Сет Роген!

„Long shot“ е филмско остварување кое трае нешто повеќе од два часа, а веруваме дека ќе ви претставува идеален одмор по работната недела која веќе е зад нас.

Се работи за урнебесна комедија, во која главните улоги ги толкуваат неверојатната Шарлиз Терон, како и „кралот на комедиите“ Сет Роген!

Фото: Принтскрин

Со спој од хумор, сарказам и романса, ова дефинитивно е филм кој вреди да се погледне.

На угледната страница „IMDB“, „Long shot“ има оценка од 6,9 ѕвездички, додека на страницата „Rotten tomatoes“, филмот е опишан како „остра, слоевита комедија, во која се создава хемија помеѓу една необична двојка“.

Краток опис за филмот:

Фред Фларски (Сет Роген) е талентиран новинар, кој не се срами да го каже своето мислење, додека Шарлота Филд (Шарлиз Терон) е една од највлијателните жени во светот. Шарлота е преубава, паметна и успешна жена која е Генерален секретар на САД, а воедно претендира да стане и првата жена претседател на Америка.

Интересно е тоа што тие двајца немаат ништо заедничко, освен фактот дека Шарлота му била дадилка на Фред, кој уште како дете бил заљубен во неа. Кога по неочекуван сплет на околности судбината повторно ќе ги спои, Фред ќе успее да ја шармира Шарлота со својот несекојдневен хумор и голема страст да ги промени работите во општеството.

Фото: IMDB

Шарлота е толку импресионирана од младиот новинар, што ќе го вработи Фред како човек кој е задолжен да ги пишува нејзините говори, а воедно ќе биде и еден од нејзините најдоверливи советници. Набргу потоа помеѓу нив се раѓа романса, со што се случува спој на два сосема различни светови, а сето тоа е прикажано на големото платно преку комични моменти и сцени кои треба да се погледнат.

Погледнете го трејлерот: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот