Народниот правобранител со критики за онлајн наставата

Да не дојдеме во ситуација, вели Бајрамовска, да уништиме цели генерации и да завршиме образование без знаење, кое ќе биде проформа.

Народниот правобранител до Министерството за образование и наука достави мислење во врска со наставата во услови на далечинско учење.

Оттаму оценуваат дека истата била многу пасивна, бидејќи како што велат, учениците на наставниот час биле присутни повеќе за да ја завршат учебната година, а не да стекнат знаења.

Имено според  народниот правобранител -Учењето од дома и натаму ќе остане предизвик за родителите, особено за семејствата во социјален ризик кои има потешкотии со обезбедување на технички предуслови за следење на настава од далечина, како и поради тоа што некои родители воопшто не се во можност ефикасно да ги поддржат своите деца во совладувањето на наставните содржини, што има негативен ефект во континуитетот на едукацијата на децата.

Заменичката на народниот правобранител, Васка Бајрамовска – Мустафа за ТВ 21 вели дека овој начин на настава најмногу погодил три категории ученици односно студенти:

-Тие кои живеат во рурални средини – поради неможноста да се вклучат на интернет

-Кои доаѓаат од социјални семејства – поради неможноста да обезбедат технолошка опрема

-Со посебни потреби – поради неможноста да се адаптираат на дидактичките средства за нивните потреби.

Да не дојдеме во ситуација, вели Бајрамовска, да уништиме цели генерации и да завршиме образование без знаење, кое ќе биде проформа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот