Насер Зибери / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Народниот правобранител ќе го презентира годишниот извештај, Зибери најави сопствена иницијатива за трагедијата во Кочани

Народниот правобранител, Насер Зибери денеска ќе го презентира годишниот Извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2024 година.

Зибери најави дека ќе биде отворен предмет по сопствена иницијатива во рамките на неговите овластувања во врска со трагичниот настан во Кочани.

Тој уште тогаш апелираше до сите институции максимално професионално, брзо и ефикасно да ја спроведат истрагата, со цел овој немил настан да не остане без правна завршница. Впрочем, нагласува, само темелна истрага во која ќе се утврди одговорноста на секој инволвиран во овој трагичен настан ќе претставува доказ дека правната држава функционира и дека сите кои се ставиле над законите и прописите соодветно ќе одговарааат.

Инаку Народниот правобранител и оваа година апелираше до институциите да се анимираат и да го решат проблемот за околу 400 „невидливи лица“ кои имаат побарано извод по законските измени во 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот