Напредокот кон ЕУ ви зависи од тоа колку успешно ќе се справите со корупцијата, ни порача германската амбасадорка

Напредокот на Северна Македонија на патот кон Европската Унија ќе зависи во голема мера и од успешното сузбивање на корупцијата, има многу работи кои треба да се направат, но ја имате нашата поддршка, истакна Амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Анке Холштајн на денешната прес-конференција по предавањето на донираната опрема за МВР.

Таа рече дека во пристапниот процес кон ЕУ поглавјето за владеењето на правото е една голема рамка, односно тоа е поглавје кое прво се отвора и последно се зтвора.

-Има многу работи кои треба да се направат, а тоа е случајот со Северна Македнија и тоа го кажа и мојот претседател за време на неговата посета. Во завност од тоа колку брзо Северна Македонија ќе прави напредок на својот пат кон ЕУ зависи од тоа колку брзо ќе се спроведат реформите. И сите ние сме сложни дека тоа е особено тешка задача која претстои и тоа не се однесува само на политичарите, туку и на сите луѓе кои треба да сфатат дека кога ќе заминат на лекар дека не треба да остават некоја банкнота во неговиот мантил, или пак наставничката треба да знае дека не треба да добие подарок од ученикот за 8 Март за да има подобра оценка и сите треба да научат и најмалите и најголемите како се води борбата против корупцијата, порача амбасадорката.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, вели дека во МВР „нема простор за селективности за лицата кои прават прекршоци“.

-И сами гледате во саботата кон недела имаше казнети пратеници и во Собрание, сакам да кажам дека апсолутно не може да стане збор за селективност и секој споделена информција во делот на кривичниот прогон би ни биле од голема корист, рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот