Фото: EPA/ADAM VAUGHAN

Направи глупост против Манчестер Јунајтед, па сега се извинува за да избегне казна

Евертон вчера славеше со 1-0 на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед, но натпреварот ќе остане запаметен по несекојдневниот инцидент меѓу Идриса Гана Геј и неговиот соиграч Мајкл Кин, по кој Сенегалецот заработи директен црвен картон.

Геј во 13. минута го удри соиграчот Кин и судијата без двоумење го испрати во тунелот. По мечот, фудбалерот на Евертон јавно се огласи и упати извинување.

„Пред сè, сакам да му се извинам на Мајкл Кин. Ја преземам целосната одговорност за мојата реакција. Исто така, би сакал да им се извинам на моите соиграчи, тренерскиот штаб, навивачите и клубот. Она што се случи не го одразува тоа што сум јас или вредностите за кои се залагам. Емоциите можат да зовријат, но ништо не го оправдува ова однесување. Бидете сигурни, ќе направам сè што можам за да се осигурам дека ова нема да се случи повторно“, порача Геје.

И покрај раното исклучување, Евертон успеа да го издржи притисокот и да дојде до важна победа на тешкото гостување.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот