Направете совршен божиќен Штолен

Фото-Фејсбук

Колачот Кристштолен ќе ја направи уште посвечена вашата божиќна трпеза, а ние ви го носиме оригиналниот германски рецепт.

Познат како Кристштолен (гер. Christstollen), или само Штолен, овој празничен колач послужете го на крајот од ручекот/вечерата, но оставете го да стои како вистински украс на масата.

Намирници

  • 200 грама суво грозје
  • 100 гр кандирана лимонова кора и кора од портокал
  • 60 грама бланширани бадеми
  • 100 мл рум
  • шеќер во прав

За првото тесто:

  • 140 грама брашно
  • 30 грама квасец
  • 125 мл млеко

За второто тесто:

  • 160 грама брашно тип  550
  • 40 грама шеќер
  • 120 грама масло
  • 1 жолчка
  • изрендана кора од 1 лимон
  • 1 лажичка цимет,
  • 2 ќесички ванилин шеќер
  • малку сол
Фото-Фејсбук

ПОДГОТОВКА

Бадемите ставете ги наколку минути во врела вода, излупете ги, малку запржете ги и исечкајте ги ситно. Сувото грозје, кандираниот лимон и портокал и бадемите прелијте ги со румот и оставете ги преку ноќ добро да се натопат.За првото тесто сите состојки добро измешајте ги и оставете ги на топло половина час тестото да нарасне.За второто тесто сите состојки добро измешајте ги, па потоа составете го првото тесто со второто тесто. Месете додека не стане компактна мазна смеса. Тестото оставете го 15 минути и помешајте го со него сувото грозје и бадемите претходно натопени во рум. Тестото оставете го да набабрува на собна температура два- три часа. Нараснатото тесто уште еднаш замесете го, па потоа формирајте го во „штолен“ облик. Ваквиот штолен ставете го на тепсија обложена со хартија за печење и оставете го да нараснува. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 250 степени, а кога ќе го ставите штоленот на печење намалете ја температурата на 180 степени. Премачкајте го со масло и печете го околу 1 час и 15 минути. Откако ќе се испече премачкајте го со растопен путер и попрскајте го со шеќер во прав.

Кога ќе се излади, божиќниот колач завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот