Направете палента полна со витамини и антиоксиданти

Фото: Профимедиа

Палентата не содржи глутен, па затоа е погодна за сите оние кои се соочуваат со пречувствителност, односно нетолеранција на глутен, заситува и се препорачува за сите возрасти. Многумина од вас се сеќаваат на палентата од детството, но ако досега верувавте дека палентата главно се поврзува со храната за бебиња, во заблуда сте.

Палентата е вкусна сама по себе, но со правилната подготовка, омилените зачини и добриот прилог, може да биде многу повеќе од вкусен оброк. Таквиот оброк е исклучително хранлив, полн со добри влакна, минерали и витамини. Вкусно и добро за здравјето – што повеќе да посакате од еден оброк?!

Здравствени придобивки од палентата

Палентата содржи природни масти, односно каротеноиди, а токму тие здрави масти се заслужни за подобро функционирање на нашите црева. Пченката содржи и големи количини на фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган.

Благодарение на пченката, палентата има мошне малку калории, па затоа е идеален оброк за слабеење. Таа е една од најдобрите и најефикасните намирници кои се препорачуваат за консумирање, бидејќи се подготвува брзо и лесно, заситува, а притоа не создава чувство на тежина кај стомакот.

Палентата ги зајакнува и клетките на дебелото црево, што е уште една причина за нејзиното консумирање.

Палентата делува и антиоксидативно на целиот организам, а не само на цревата. Го намалува холестеролот поради добрите масти што ги содржи, но содржи и добри влакна и сложени јаглехидрати, кои ќе ја спречат појавата на вишок килограми.

Како правилно да ја подготвите палентата?

Во тенџерето сипете 3,5 шолји вода.

Потоа додадете малку масло и прстофат сол.

Кога ќе зоврие, намалете ја температурата на минимум и со постојано мешање сипете една мала шолја пченкарна палента.

При мешањето се препорачува да користите дрвена лажица, поради самата оксидација, до која може да дојде при употребата на метална лажица. Исто така, нема да погрешите ако во палентата ги додадете омилените семки, зачини или зеленчук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот