Фото: EPA/SHAHZAIB AKBER

Направен е исчекор во преговорите со САД, но кризата е далеку од решена, вели Иран

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи денеска изјави дека се постигнати заклучоци за многу теми дискутирани за потенцијален меморандум за разбирање со САД, но тоа не значи дека Техеран е блиску до потпишување договор, пренесува Гардијан.

„Вистина е дека дојдовме до заклучок за голем дел од дискутираните теми“, потврди Багаи, алудирајќи на промена во дипломатскиот процес.

Сепак, иранскиот функционер брзо ги отфрли шпекулациите за брзо решение на кризата, остро критикувајќи го пристапот на американската администрација.

„Креирањето политики и донесувањето одлуки во Америка е под влијание на еден вид институционална колебање“, рече Багаи.

Тој ги наведе непредвидливоста и честите промени во американските ставови како главна пречка во финализирањето на договорот.

„Факт е дека во рок од неколку часа се соочувате со различни позиции, многу често контрадикторни. Ова го отежнува процесот на какви било преговори“, нагласи портпаролот на иранското министерство.

Багаи ја разјасни и улогата на посредник, истакнувајќи дека Пакистан е официјален и главен медијатор меѓу Иран и САД во целиот процес, додека одредени други регионални земји имаат придружна улога.

„Нуклеарното прашање не е предмет на разговорите“

Тој ги демантираше медиумските наводи за посетата на катарскиот емир во Техеран, наведувајќи дека наместо тоа престојувал заменик-секреарот на Врховниот совет за национална безбедност на Катар во рамки на дипломатска консултација.

„Нуклеарното прашање во моментот не е предмет на разговорите, затоа што преговорите се фокусирани на стабилизацијата и прекинот на воените дејства во регионот“, рече тој.

Договорот за мир со Иран е при крај, Ормускиот Теснец набргу пак ќе се отвори, вели Трамп

Во посебен сегметн за регионалната безбедност, Иран и Оман работат на изработка на заеднички протокол за безбеден премин ана бродови низ Ормускиот теснец.

Багаи нагласи дека управувањето со овој теснцец е прашање кое се однесува исклучиво на крајбрежните држави и рече дека Иран и Оман веќе сериозно составуваат протокол за безбеден премин на бродовите.

Рубио: САД ќе ѝ даде шанса на дипломатијата пред да истражи алтернативи

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека или ќе има добар договор или Вашингтон ќе се справи со земјата на „друг начин“.

„САД ќе ѝ дадат на дипломатијата секоја шанса да успее пред да истражи алтернативи“, рече Рубио, откако претседателот Доналд Трамп вчера изјави дека им рекол на своите претставници да не брзаат со никаков договор со Иран.

Трамп изминатиов викенд изјави дека „во голема мера договорен“ договор меѓу САД и Иран за крај на војната и отворање на Ормускиот Теснец.

Договорот за мир со Иран е при крај, Ормускиот Теснец набргу пак ќе се отвори, вели Трамп

Не е јасно кога или како би можел да биде финализиран договорот и кога неговите различни делови ќе стапат на сила. Трамп зборуваше по телефонските разговори со сојузниците на Блискиот Исток, меѓу кои и посебен телефонски разговор со Израел.

Деталите доаѓаат од двајца регионални функционери и еден американски функционер кој зборуваше под услов на анонимност зборува за чувствителните преговори.

Кревкото примирје е на сила од 7 април. Крајот на војната би ја ублажил напнатоста низ целиот регион каде што иранските ракети и беспилотни летала ги погодија туристичките центри во Заливот, како во Обединетите Арапски Емирати. Тоа би овозможило глобалниот превоз, вклучувајќи околу 20 отсто од светската нафта и природен гас, повторно да почне да тече низ Ормускиот Теснец. Исто така, би овозможило обнова на енергетската и другата инфраструктура во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот