Напаѓачот на џамијата во Осло на суд се појавил насмеан и помодрен (ВИДЕО)

Осомничениот, Филип Мансхаус кој бил уапсен за напад на џамијата во Осло, како и за убиство на својата полусестра се појавил на суд со модринки.

Мансхаус, кој имал модринки на очите, лицето и вратот се изјаснил дека не е виновен за нападот во џамијата и барал да биде ослободен.

– Тој го користи правото да не биде испрашуван и не ја признава вината – рекол неговиот бранител, Уни Фрис Ројтерс.

Најмалку едно лице било рането во пукањето во џамијата во саботата. Напаѓачот, кој носел заштитно елече, го совладале верници уште пред да дојде полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот