Нападнат домот на министерот за одбрана во Кабул, напаѓачите ликвидирани

Војници во Авганистан / Фото: EPA-EFE/JALIL REZAYEE

Синоќешниот напад со автомобил-бомба во Кабул во близина на домот на авганистанскиот министер за одбрана, „заврши и сите напаѓачи се убиени”, изјави портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи, Мирвејс Станекзаи, пренесува АП.

Силната експлозија во Кабул во близина на „Зелената зона” била проследена и со силен вооружен судир.

Тројца цивили и сите тројца напаѓачи се убиени, соопштија официјалните лица.

„Уште најмалку седум лица се повредени“ изјави портпаролот на Министерството за здравство Гулам Дастагир Назари.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи додаде дека операциите на безбедносните сили завршиле со смрт на сите напаѓачи.

САД вчера ги осудија експлозиите во Кабул, соопштувајќи дека тие ги носат сите белези на талибанските напади.

„Засега не можеме официјално да кажеме дека тие се одговорни, но нападите ги имаат сите белези на талибанските напади што ги видовме во последните недели“ изјави портпаролот на американското Министерство за надворешни работи, Нед Прајс.

Низ цел Авганистан се интензивирани судирите меѓу владините сили и талибанците, паралелно со повлекувањето на меѓународните сили предводени од САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот